Системот за електронско тргување ЕБРОКЕР е развиен од страна на Интервеј ДООЕЛ Скопје и постојано се развива и надоградува. Користењето на системот е бесплатно во промотивниот период. За да може да го користи системот, корисникот треба да располага само со персонален компјутер и интернет конекција.
ЕБРОКЕР системот може да го користат сите клиенти на МОЈ БРОКЕР кои ќе склучат Договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност и Договор за електронско тргување.
Пристапот кон услугата клиентот го остварува преку активирање на сопствената клиентска сметка, односно со помош на логирање со сопствено корисничко име и лозинка за користење на ЕБРОКЕР. Брокерската куќа доделува почетни податоци (корисничко име и лозинка) на клиентот преку кои се овозможува користење на ЕБРОКЕР системот.
Клиентот има можност за увид и пристап до сите податоци и евиденцијата за сопственото портфолио, пристап до дадените налози и пресметки од извршените налози во секое време од 00 до 24 часот, секој ден во годината преку интернет страната на МОЈ БРОКЕР.
За идентификацијана клиентот при давање, менување и повлекување на налози за купопродажба на хартии од вредност преку ЕБРОКЕР системот, потребно е клиентот да поседува електронски серфтификат издаден од страна на за тоа овластена институција во Република Македонија.
Системот за електронско тргување ЕБРОКЕР ги овозможува следните функционалности:
-
Испраќање на електронски потпишани налози за тргување со хартии од вредност до брокерската куќа;
-
Прифаќање/одбивање на електронски налози за тргување од страна на брокерската куќа;
-
Пристап до обработените историски податоци од тргувањето со хартии од вредност;
-
Следење на портфолиото на клиентот од тргувањата во брокерската куќа;
-
Следење во реално време на движењето на цените на хартии од вредност со кои се тргува на Македонската берза;
-
Преглед на понудата и побарувачката на хартиите од вредност во реално време до длабочина од 10 налози, како и следење на сите склучени трансакции;
-
Преглед на сите активни налози на клиентот и
-
Висок степен на сигурност на податоците при комуникацијата преку вградени сигурносни сертификати.