Нашиот пристап кон тргувањето и клиентите е сериозен и ефикасен. Таквиот пристап кон работата резултира со задоволни клиенти кои одново ни ја даваат својата доверба, што пак доведува до постојано зголемување на прометот кој МОЈ БРОКЕР го остварува на нашиот пазар, како и постојано зголемување на бројот на склучени трансакции.
При тргувањето со акции на македонската берза на нашите клиенти можат да се потпрат на искуството и професионалноста на нашиот тим на брокери и инвестициони советници, кои во секоја ситуација ќе реагираат брзо, ефикасно ќе ги извршат примените налози и ќе го известат клиентот за склучената трансакција.
Налозите за купување или продавање клиентот може да ги даде лично во нашите простории, преку факс или преку системот за електронско тргување.
Инвестирањето во акции по правило носи поголем ризик од вложување во обврзници, државни хартии од вредност или штедењето во банка. Поради тоа, МОЈ БРОКЕР за своите клиенти подготви и нуди комплетна поддршка во одлучувањето. Свесни дека клиентите честопати при одлучувањето се потпираат на совет од инвестиционите советници, на нашите клиенти на располагање им се и услугите на нашите советници со чија помош можат да се информираат за моменталната состојба на пазарот и на тој начин правовремено да реагираат на најновите движења и трендови на пазарот.
За да можат нашите клиенти да тргуваат со хартии од вредност треба да склучат Договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност.
Потребни документи и податоци:
|
Домашни физички лица: |
|
|
1. Лична карта или пасош
2. Трансакциска сметка во банка
3. Сметка во ЦДХВ
|
|
Домашни правни лица: |
|
|
1. Тековна состојба не постара од 6 месеци
2. Жиро сметка во банка
3. Потписен картон 4. Лична карта на овластеното лице 5. Одлука за купување/продавање
|
Сите потребни информации во врска со склучувањето на договор и тргувањето со акции можете да ги добиете во нашите простории. Нашите вработени се во постојан контакт со клиентите нудејќи им комплетна поддршка при продажбата на акции или инвестирањето во истите.