Историја на МОЈ БРОКЕР АД Скопје

 

2011

Заради овозможување поефикасно тргување, како и следење на трендовите во оваа област, МОЈ БРОКЕР АД Скопје на своите клиенти започна да им ја нуди новата услуга електронско тргување под името ЕБРОКЕР.

2010

Пуштена е новата корпоративна интернет страна на брокерската куќа, со цел да се доближат услугите на куќата до постоечките и потенцијалните клиенти и да им се овозможи поедноставно и поквалитетно следење на берзанските движења.

2008

Во април МОЈ БРОКЕР АД Скопје и официјално започнува со тргување на македонската берза.

Брокерската куќа МОЈ БРОКЕР АД Скопје станува член на Македонска берза АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Во февруари е основана Брокерската куќа МОЈ БРОКЕР АД Скопје како овластен учесник на пазарот на капитал во Р. Македонија, за што добива и соодветна лиценца од страна на Комисијата за хартии од вредност.

2007

По повеќегодишно искуство во работење на македонскиот пазар на капитал, двајцата основачи Димче Панов и Зоран Мајнов согледувајќи ја потребата од подобри услуги на клиентите и свесни за потенцијалот на пазарот, решаваат заеднички да основаат брокерска куќа и да се обидат преку нов пристап на пазарот да понудат нови и поквалитетни услуги.