Издадена Десеттата емисија на обврзници за денационализација

Почетокот на тргување со обврзниците од Десеттата емисија за денационализација е на 01.04.2011 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза.

Издавач на Десеттата емисија на обврзници за денационализација е Република Македонија. Вкупниот износ на емисијата е 11.000.000 евра. Номиналната вредност на една обврзница е 1 евро, а официјален датум на издавање е 30.03.2011 година. Каматна стапка на обврзниците е  2% годишно, при што каматата и главнината се исплатуваат еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2012 година.


 

31.03.2011 година (четврток) е неработен и нетрговски ден

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на 31.03.2011 година (четврток) за неработен ден поради организирање на активности за пошумување во Република Македонија, Ве известуваме дека 31.03.2011 година (четврток) е неработен и нетрговски ден на Македонска берза АД Скопје.
 
Воедно, Ве известуваме дека 09.04.2011 година (сабота) е работен и нетрговски ден на Македонска берза АД Скопје.

Наскоро

Со цел да го олесниме и направиме тргувањето на нашите клиенти полесно и подостапно, во подготовка е системот за електронско тргување ЕБРОКЕР. Очекуваме истиот да биде на располагање на нашите клиенти во најскоро време, а за официјалниот почеток ќе бидете навремено известени.

Сите заинтересирани клиенти за користење на оваа услуга можат да се информираат кај нашите вработени кои се на располагање за подетални информации.

НОВО

Со цел да го доближи своето работење до клиентите и да ги направи подостапни своите услуги, МОЈ БРОКЕР изработи нова интернет страна, која е многу попристапна и поедноставна и на која нашите клиенти можат да пронајдат многу информативни содржини за нас и услугите кои ги нудиме.

Вашите коментари и сугестии за новата страна се добредојдени и се надеваме дека ќе ни помогнете во нашата намера да го доближиме берзанското работење до сите потенцијални клиенти, како и да ги подобриме нашите услуги.