Роден е 1976 година во Велес. Дипломира на Економскиот Факултет во Скопје во 1999 година, по што запишува и постдипломски студии од областа на Монетарната економија. Од 1999 година до 2004 година работи во Агенција на РМ за управување со средства, на работни задачи поврзани со управување со дел од портфолиото на Агенцијата, а подоцна и следењето на вкупното портфолио. Од 2004 година работи во Министерство за финансии, во Сектор за управување со јавен долг, каде работи на издавање на државни хартии од вредност за потребите на буџетот на РМ. Во 2005 година почнува да работи како брокер во НЛБ Тутунска брокер АД Скопје, каде останува до 2007 година. Во 2007 ја посетува обуката за инвестициони советници и се здобива со лиценца за инвестиционен советник. Одлично говори англиски јазик. Има посетувано бројни семинари и обуки од областа на финансиите, финансиските пазари и институции и работењето со хартии од вредност.
T: +389 (0)2 3221 081 begin_of_the_skype_highlighting
E: dimce.panov@mojbroker.com.mk