Мисија

Наша мисија е развој на домашниот пазар на капитал преку континуирано воведување на нови услуги и зголемување на квалитетот и вредноста на услугата што нашите клиенти ја добиваат од нас.

 

Визија

Нашите клиенти и препознавањето на нивните потреби претставуваат темел на нашите активности. Овозможувањето на квалитетни финансиски услуги на нашите клиенти и остварувањето на нивните интереси претставува остварување на нашиот интерес и наш најголем успех.

Наша цел е воспоставување и одржување на долгорочна соработка со нашите клиенти, притоа тежнеејќи кон континуиран развој, обликување, прилагодување и усовршување на услугите кои ги нудиме. Уверени сме дека градењето на такви односи се од суштинска важност како за успехот на нашата куќа, така и за успехот на нашите клиенти, но истовремено и за развојот на целиот пазар и учесниците на него.

Свесни дека можат да бидат една од најдобрите основи за наш натамошен раст и развој, целиме кон високи етички и професионални стандарди, кои задоволството на клиентот секогаш го ставаат на прво место. Овие стандарди се и најдобар гарант на нашата сериозност и потврда за нашата максимална посветеност кон успех во секоја работа која ја извршуваме.