Тргување со обврзници

Инвестирањето во обврзници по правило носи помал ризик од вложување во акции и со тоа и постабилни приноси. Иако е попопуларен меѓу корпоративните и институционалните инвеститори, сепак овој вид на инвестирање претставува посигурна алтернатива во однос на другите инструменти на финансиските пазари.

При тргувањето со обврзници на македонската берза на нашите клиенти можат да се потпрат на искуството и професионалноста на нашиот тим на брокери кои реагираат брзо и ефикасно ќе ги извршат примените налози и ќе го известат клиентот за склучената трансакција.

Преку МОЈ БРОКЕР клиентите можат да тргуваат со обврзници за заробено девизно штедење, обврзници за денационализација, државни записи и обврзници и сите корпоративни обврзници на нашиот пазар.

Исто така, со помош на нашите инвестициони советници кои секојдневно ги следат движењата на цените и приносите на обврзниците, клиентите може да се информираат за моменталната состојба на пазарот и на тој начин правовремено да реагираат на најновите движења.

Налозите за купување или продавање клиентот може да ги даде лично во нашите простории, преку факс или преку системот за електронско тргување.

За да можат да тргуваат со обврзници нашите клиенти треба да склучат Договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност.

Потребни документи и податоци:

Домашни физички лица:
  1. Лична карта или пасош
2. Трансакциска сметка во банка
3. Сметка во ЦДХВ

  
Домашни правни лица:
 

1. Тековна состојба не постара од 6 месеци
2. Жиро сметка во банка
3. Потписен картон                                                                                                                               4. Лична карта на овластеното лице                                                                                                5. Одлука за купување/продавање  


 

Сите потребни информации во врска со склучувањето на Договор за посредување и тргувањето со обврзници можете да ги добиете во нашите простории. Нашите вработени се во постојан контакт со клиентите нудејќи им комплетна поддршка при продажбата на обврзници или инвестирањето во истите.