Клиентите денес се многу поедуцирани, бараат подобра услуга, но бараат и совет многу повеќе од порано. Нашите инвестиоциони аналитичари се спремни да одговорат на ваквите барања, па дури и да ги надминат очекувањата на клиентот.
Инвеститорите се разликуваат според барањата, можностите и начинот на размислување. Наша задача е прво да ја утврдиме специфичноста на секој наш клиент одделно, неговите цели и толеранцијата кон ризикот, а потоа ангажирајќи ги нашите ресурси, знаење и искуство да го советуваме нашиот клиент со цел да се чувствува сигурен во инвестиционата одлука што ја донел имплементирајќи ги нашите препораки.
МОЈ БРОКЕР АД Скопје го става комплетно својот капацитет и капацитетот на вработените на располагање на своите клиенти за консулатации во врска со потребните информации околу инвестирање во хартии од вредност на пазарот на капитал.
Доколку Ви е потребен совет околу инвестирањето во хартии од вредност, нашите инвестициски советници Ви стојат на располагање да одговорат на секое Ваше прашање за да можете да донесете правилна инвестициона одлука. За Ваши потреби изготвуваме и фундаментална или техничка анализа, комплетна анализа на одредена компанија, на одреден сектор или пак анализа на целиот пазар.
Важно е да се знае дека брокерските услуги и инвестиционото советување се две различни и одвоени услуги кои се извршуваат врз база на одделни договори.