Согласно добиената дозвола од Комисијата за хартии од вредност по Решение бр. 07-44/4 од 21.01.2008 г., Брокерската куќа МОЈ БРОКЕР АД Скопје е овластена да ги извршува следните работи:
- Купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
- Дејствување како покровител при котација, и
- Инвестиционо советување.
Инвестирањето во акции по правило носи поголем ризик од вложување во обврзници, државни хартии од вредност или штедењето во банка. Сепак, со соодветна стратегија, диверзификација на ризикот може да се направи преку балансирано портфолио на хартии од вредност и на тој начин да се оствари поволен однос помеѓу приносот и потенцијалниот ризик.
Во зависност од личната перцепција и толеранција кон ризикот, постојат инвеститори кои се склони на поризично однесување и такви инвеститори кои во одлучувањето за распределба на своите средства се поконзервативни и повнимателни.
Без разлика во која група припаѓате, МОЈ БРОКЕР АД Скопје за Вас подготви комплетна подршка во одлучувањето. Нашите вработени се во постојан контакт со клиентите нудејќи им поддршка при избор на начинот на инвестирање, имајќи ја притоа во предвид ликвидноста на пазарот и непроценливата важност на навремените информации.