|
Процедура при тргување на Македонската Берза: |
- Потпишување на договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност со брокерот, кој во исто време во Централниот депозитар за хартии од вредност отвара клиентска сметка за хартии од вредност која е неопходна за тргување на берза;
- Елементите на налогот ги договарате со брокерот. Во исто време брокерот проверува дали на сметката на брокерската куќа имате доволно средства за реализација на налогот односно доволно хартии од вредност на Вашата лична сметка во ЦДХВ;
- Клиентот е должен да ја уплати потребната сума за секоја трансакција на посебна сметка на брокерската куќа, по што ќе се изврши реализирање на налогот за купување;
- Во случај на продавање на хартии од вредност на клиентот, по реализирање на налогот за продажба и добивање на паричните средства, брокерската куќа го задржува износот на име провизии, а останатиот паричен износ му го исплаќа на клиентот на неговата трансакциска сметка;
- Потпишување на налог за купување/продавање кај својот брокер, со кој се одредуваат условите под кој се сака да се склучи трансакцијата;
- Брокерот по ваш налог тргува на берза (купува и продава хартии од вредност);
- Клирингот и салдирањето на трансакциите се врши од страна на Централниот депозитар за хартии од вредност и со поддршка на брокерот во извршувањето на трансакциите;
- По реализацијата на налогот клиентот добива во писмена форма известување за склучената трансакција. Порамнувањето на трансакцијата се врши третиот ден (Т+3) од денот на склучување на истата (односно за три дена купувачот ги добиваа акциите, а продавачот парите на својата сметка во банка).
|